Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Канада одиграа без победник во третиот натпревар на Светското фудбалско првенство.

Дуелот одигран во Торонто, заврши со по еден постигнат гол на двете страни (1-1).

Во првиот дел, Босанците беа подобар противник. Тие поведоа во 21.минута со 1-0 со голот на Јово Лукиќ. Иако избраниците на Сергеј Барбарез имаа уште неколку обидоа за втор погодок, на пауза се замина со гол предност за БиХ.

Во второто полувреме многу подинамична игра, која донесе и повеќе возбудувања.

Канаѓаните се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување, а веќе во 53.минута имаа и голема можност. Сепак по ударот на Ричи Лари, со топката последен играше босанскиот капитен Колашинац, а таа заврши во гредата. Веќе во следната акција на спротивната страна Босанците имаа можност за втор гол, но Демировиќ кој изби сам пред канадскиот голман не се снајде. Иницијативата на домаќините конечно се исплатеше кога Ларин во 79.минута го израмни резултатот.

До крајот на мечот немаше порумени, па двете селекции со по еден освоен бод го отворија шампионатот.

📅 Б група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови