Ги одбројуваме последните часови пред стартот на најголемиот светски спортски настан годинава, фудбалскиот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Натпреварите ќе се играат од 11 јуни до 19 јули 2026 на 16 стадиони во 16 градови, САД 11 градови, Мексико 3 градови, Канада 2 градa.
23-тото Светско првенство, ќе биде историско првенство бидејќи за прв пат ќе настапуваат 42 репрезентации. Тие се поделени во 12 групи по 4 репрезентации. Пласман во следната фаза (1/16-финале) ќе обезбедат првите 2 од секоја група (24 тима). Дополнителен пласман има за уште 8-те најдобри третопласирани тима. Следна рунда (шеснаесетфинале – елиминации) ќе брои 32 селекции.
Почнувајќи вечерва (21 часот) во Мексико Сити, па се до финалето во Њу Џерси, закажано за 19 јули за вкупно за 39 дена ќе бидат одиграни 104 натпревари.
Скопје доби современ спортски објект. Под мотото „Расадник на шампиони“ и слоганот „Дом на спортот“, денеска свечено бише отворена целосно реконструираната спортска сала „Расадник“...