Скопје доби современ спортски објект. Под мотото „Расадник на шампиони“ и слоганот „Дом на спортот“, денеска свечено бише отворена целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода.

Сала претставува една од најзначајните спортски инвестиции во главниот град во последните години. Во иднина пак ќе биде центар за развој на спортот, рекреацијата и младинските спортски активности.

На свеченоста се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градолначаниците на Општина Кисела Вода и Град Скопје.

„Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава.

Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода, туку и од градот Скопје, па и пошироко ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат.

И зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава“, изјави Мицкоски.

Како и во минатото, салата „Расадник“ повторно станува дом на РК Вардар. Шампионот на Македонија, кој во оваа сала ќе ги игра натпреварите од домашното првенство.