Легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити е домаќин на премиерниот натпревар на Светското фудбалско првенство.
Во првиот од вкупно 104-те натпревари ќе играат селекциите на Мексико и Јужна Африка.
Еве го првиот гол на Светското првенство. Кињонес е стрелец за Мексико во 9-тата минута и „ерупција“ на стадионот. Гостите направија голема грешка, поточно Модиба, и топката отскокна до Кињонес, кој ја испрати низ нозете на Вилијамс. Одличен почеток од домаќините.
Тоа е натпревар од А групата во која се и селекциите на Јужна Кореја и Чешка.
| 📅 | ⏰ | А група | Град | ⚽ |
|---|---|---|---|---|
| 11 ЈУНИ | 21:00 | MEX – RSA | Мексико Сити | : |
| 12 ЈУНИ | 04:00 | KOR – CZE | Гвадалахара | : |
| 18 ЈУНИ | 18:00 | CZE – RSA | Атланта | : |
| 19 ЈУНИ | 03:00 | MEX – KOR | Гвадалахара | : |
| 25 ЈУНИ | 03:00 | RSA – KOR | Монтереј | : |
| 25 ЈУНИ | 03:00 | CZE – MEX | Мексико Сити | : |
Во продолжени најинтересните моменти од свеченото отворање

































