48 репрезентации во Северна Америка од утре влегуваат со свои амбиции и планови за настап на Светското фудбалско првенство. Малку се оние кои може да се надеваат дека ќе стигнат до самиот крај односно финалето во Њу Џерси.

Кој најверојатно ќе го освои Светското првенство 2026?

„Opta“ ги изврши своите суперкомпјутерски симулации и предвиде кои најверојатни тимови ќе го подигнат трофејот на стадионот „Мит лајф“ на 19 јули.

Шпанија има 16,23% шанса да го освои турнирот. Актуелниот европски шампиони има блескава серија и го поседуваат можеби најперспективниот играч во светот Ламин Јамал. Тимот на Луис де ла Фуенте нема играч од Реал Мадрид, а најголемиот дел се шампионите во Ла Лига, Барселона.

Франција е втора со 12.84%, а шампионите од 2018 се надеваат дека ќе бидат чекор погоре од пред четири години која загубија во финалето. „Триколорите“ се гордеат со напаѓачката линија, предводени од Килијан Мбапе и актуелниот носител на Златната топка Усман Дембеле.

Англија е трета на симулациите со шанса од 10.92%, што ги намалува нивните надежи за освојување на првиот трофеј од 1966 година. Томас Тухел предизвика контроверзии со изборот на тимот, но сè уште има голем ростер на располагање, предводе од Хари Кејн.

Може ли Аргентина да го брани трофејот?

Актуелниот шампион Аргентина е само четврти со шанса од 10.12%. Тимот сè уште го има Лионел Меси, кој е инспирација за останатите во селекцијата. „Гаучосите“ секако ќе имаат огромна поддршка, не само од Аргентинците туку и од Американците кои сакаат да ја гледаат магијата на Меси кој игра во МСЛ лигата.

Португалија е на петтото место со 7.18% шанса и покрај тоа што има еден од најсилните состави во последно време. Кристијано Роналдо е разбирливо е најистакнато име, но тандемот на ПСЖ, Витинја и Жоао Невес, заедно со Бруно Фернандеш, додаваат огромен квалитет на тимот.