Машката одбојкарска репрезентација на македонија,  вечерва патува за Атина. Таму викендов македонските одбојкари ќе ги игра натпреварите од вториот турнир од Европската лига.

Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14-те одбојкари на кои играа на првите два меча ќе бодат во комбинација и да дуелите со Грција и Исланд.

Средниот блокер Филип Савовски сезоната ја мина во дресот на грчки Панатинаикос, со кој ја освои двојната круна. Сега со дел од своите соиграчи ќе ги измери силите на репрезентативно ниво.

„По солидното отворање на Европската лига против Холандија и Луксембург во Струмица сега фокусот е на вториот турнир во Атина. Имав одлична сезона во грчкото првенство со Панатинаикос, а сега се враќам таму со националниот тим.

Грција како ривал добро ја познаваме, се соочивме со неа и во минатогодишното издание, како и во европските квалификации. Го имаат задржано истиот тим, кој е особено квалитетен, но верувам и во нашите можности. Како екипа можеме да играме со секој противник доколку сме на висината на задачата.

Мислам дека многу работи ќе зависат од нас во Атина, од нашето издание и од тоа што ние ќе покажеме и на двата натпревари.

Против Грција сигурно нема да бидеме фаворити, а тоа ни оди во полза. Што се однесува до Исланд, тие се екипа од послаб ранг, ги анализираме, а ќе имаме и можност да го гледаме нивниот натпревар со Грција, по што сигурен сум дека во договор со стручниот штаб ќе поставиме тактика со која ќе успееме да си ја реализираме посакуваната цел – победа. Се надевам дека вториот турнир ќе биде поуспешен за нас“, вели Савовски .

Македонската делегација утре, рано наутро треба да пристигне во Атина, а попладне ќе го одработи првиот тренинг.

Првиот натпревар македонските одбојкари го играат во сабота, 19 часот, против Исланд, додека в недела, во истиот термин, ќе се соочат со Грција.