Фудбалската репрезентација на Шпанија оствари доминантен триумф над Хрватска во 2.коло од Лигата на нации. Светскиот шампион ја запиша втората победа во А сегментот од третата група со убедливи 4:1.
Резултатот го отвори Ламин Јамал со ран погодок уште во втората минута од натпреварот. Хрватите успеаја да израмнат преку Дион Дрена Бељо во 28. минута од средбата. Радоста на гостите траеше кратко, бидејќи Марк Пубил донесе нова предност за домаќините во 31. минута.
Во второто полувреме, шпанската селекција целосно ја презеде контролата на теренот. Ламин Јамал го постигна својот втор гол на натпреварот во 63. минута за сигурно водство. Конечниот резултат го постави Нико Вилијамс со прецизен удар во 89. минута.
Во вториот натпревар од третата група во „А“ сегментот на Лигата на нации, Англија како гостин со 0:2 ја победи Чешка.
Домаќините од 35.минута играа со играч помалку откако Шулц заработи црвен картон. Англичаните тоа го искористија во вториот дел со головите на Гордон во 46-тата и Хари Кејн во 69-та минута.
Шпанија и лидер на табелата со максимални шест бодови додека Англија и Хрватска имаат по три, а Чесите останаа на нула .
Во следното коло, за четири дена, Шпанија ќе биде домаќин на Чешка, додека Хрватска ќе ја пречека Англија.





































