Фудбалската репрезентација на Македонија и по девет натпревари незнаен за победа. А, до победата се стигнува со постигнат гол, за кој македонските фудбалери сонуваат веќе на шести меч во низа, колку што е селектор Гоце Седлоски.

Ова е епилогот по вечерашното гостување во Љубљана, во Лигата на нациите, каде Македонија е поразена од Словенија со 0:2.

Уште на самиот старт, односно втората минута, ја видовме првата шанса и тоа на домаќините. Жан Випотник доби совршено додавање во шеснаесетникот и веднаш шутираше. Неговиот удар ја затресе гредата од голот на Димитриевски, за среќа на Македонија.

На спротивната страна во 6.минута по една акција се закани Елези, но неговиот удар беше изблокира. Словенците продолжија со притисокот на голот на Димитриевски, кој во два наврати одлично интервенираше. Во 31-та минута, Жан Випотник имаше уште една одлична можност. Од работа на петерецот, не бранет од никој тој ја погоди само надворешната мрежа од голот имаше шут пред голот на Димитриевски.

Ако ништо повеќе, баре, упативме удар-два кон голот на противникот!!!

На стартот на вториот дел, односно 49.минута, Даниел Штурн влезе сам во нашиот шеснаесетник, а не бранет од никој биеше крај голот. Притисокот на Словенија вроди со плод во 55.минута кога Ловриќ ја затресе нашата мрежа, за водство на домаќинот од 1:0.

Во 76.минута видовме два обиди на напите фудбалери, Гаштаров, па Стојчевски, но нивните удари беа изблокирани. Сите надежи за евентуално да останеме не поразени, потонаа во 82.минута кога Матко зголеми на 2:0 за Словенија. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

Седлоски, неговите соработнички и избраници, немаат многу време за анализа, бидејќи веќе во сабота ги чека нов натпревар. Македонија на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе ја пречека селекцијата на Шкотска која вечерва на домашен терен загуби од Швајцарија. А, со Швајцарија повторно ќе играме на гости следниот вторник (6 октомври).

ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА