Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аетодром.
Ова го потврдија од таборот на макеоднскиот шампион од каде додадоа дека Мекиќ официјално стави потпис на договор со клуб во следните една и пол сезона.
За него ова е враќање дома. Ова ќе биде негов трет мандат во сино-белиот табор (по периодите 2014-2017 и 2020-2023). Со тим на МЗТ, тој веќе има освоено пет шампионски титули и пехари во Купот на Македонија.
По освојувањето на двојната круна во Хрватска со Задар и со огромно меѓународно искуство зад себе, Мекиќ се врати во Македонија. Тој во изминатите три кола го носеше дресот на МКК Куманово
Инаку претпладнево, тимот од „Јане Сандански“ се раздели до досегашниот тренер Васко Атанасов.


































