Во кошаркарската федерација на Македонија, денеска беше одржана средба со претставниците на суперлигашите.

Освен за насоките како ќе се спроведува првенството, беа разгледани и термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија. Воедно беше извшена и ждрепка на натпреварувачките броеви, а со тоа и утврден распоредот на натпреафрите.

Првото коло ќе се игра во првиот викенд од октомври месец 3 и 4.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне на домашен терен во дуелот со годинава амбициозниот состав на Куманово.

Интересно се очекува да биде и во Битола, каде ќе соочат реконструираните екипи на Пелистер и ТФТ.

Новата сезона ќе брои 10 екипи. Дебитант е составот на Штип, а повратник во суперлигашката конкуренција е тимот на Струмица.

ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)

Струмица – Работнички
Пелистер – ТФТ
Скопје – Кожув
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово
Штип – Тиквеш