Македонскиот шампион Вардар со победа го започна својот настап во новоформираната Регионалната ракометна лига (РРЛ).
Во првиот меч во ова натпреварување, Вардар ја победи српската Војводина со 36-30.
Освен почетните 0-1 и 1-2, кога гостите имаа водство, се натаму мина во знакот на Вардарци. Избраниците на Чупиќ брзо ка презедоа контролата над играта и од минута во минута ја зголемуваа предноста. Најголемата беше онаа на крајот на првиот дел кога на семафорот стоеше резултатот 21-15. Во ист ритам продолжи и второто полувреме, па вардарци имаа и најголеми +8 ,а на крајот славеа со шест голови разлика.
Инаку овој натпревар од 8.коло во Б групата, во која се и тимовите на Охрид, Динамо Панчево и Будва. Сепак двете екипи се договорија да се игра сега бидејќи тие ќе бидат и дел од меѓународниот охридски турнир „Крсте Андоновски“ кој официјално почнува утре.
Љевар и Да Силва постигнаа по 6, а Георгиевски, Малус и Фадуиле по пет гола за Вардар.
Во групата А на РРЛ ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица.
Тимовите што ќе завршат на првите две места, ќе играат во полуфиналето.
































