Новоформираната Регионална ракометна лига во кој ќе настапуваат 10 екипи од Македонија, Србија и Црна Гора, официјално стартува денеска.

Првиот натпревар ќе го имграат макеоднскиот шампион Вардар и српскиот вицепрвак Војводина.

Ова е натпревар од 8.коло во Б групата, но се игра денеска во договор на двете екипи. Во оваа конкуренција се и тимовите на Охрид, Динамо Панчево и Будва. Во групата А ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица.

Тимовите што ќе завршат на првите две места, ќе играат во полуфиналето.

Натпреварот Вардар – Војводина ќе се игра во СЦ „Биљанини извори“ во Охрид, од 17 часот, а е дел од петтото издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.