Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, одлучи кои 14 девојки ќе настапат во Зонските квалификации за пласман на Европското првенство 2027.
Тринеделните подготовки му овозможија на селекторот и стручниот штаб, да го изберат тимот на кој ќе му ја дадат довербата.

Репрезентацијата вечерва со автобус патува за Мостар, а утре попладне треба да одработи официјален тренинг. Натпреварите ќе ги стартува в среда, а сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Бијели бријег“ во Мостар.
Македонија е дел од групата А, во која за противници ќе ги има Романија, Белорусија и БиХ редоследно. Во групата Б се репрезентациите на Србија, Бугарија, Русија и Турција.
На 22 и 23 август ќе се играат натпреварите за пласман. ЦЕВ се уште нема точно дефинирано колку селекции од овој турнир ќе продолжат во следната квалификациска рунда, која треба да се игра од 21 до 24 јануари 2027.
Распоред на натпреварите на МАКЕДОНИЈА:
19 август, среда | Македонија – Романија 12:00 часот
20 август, четврток | Македонија – Белорусија 14:30 часот
21 август, петок | Македонија – Босна и Херцеговина 19:30 часот





































