Не нѐ сака среќата во последно време, тоа го докажа и последниот тикет кој за 2 пара, со по само еден гол не ни донесе добивка. Тоа е што е, одиме понатаму, со нов тикет за утре и задутре со парови кои се надевам дека ќе донесат добра добивка.

Вест Хем vs Портсмут: 1

По релегацијата во Чемпионшип, следи сезона за враќање во премиер друштвото. Нема што да калкулираме тука, одиме 1 за првиот официјален дуел за чеканите оваа сезона и тоа во Лига Купот, бидејќи веруваме дека Вест Хем има најдобар тим во второто по ранг друштво и општо во Англија.

Вимблдон vs Њупорт: 1+ 1+ 

Вимблдон лани редовно го игравме и излегуваше на голови, па ќе пробаме за сефте и оваа сезона. Барем 1 гол во прво и барем 1 гол во второ.

Волфсбург vs Кајсерслаутерн: T1 2+

Сефте за Волфсбург во цвајте. За моќен старт, ќе пробаме само со Т1 2+ место 1, како посигурна опција.

Порто vs Алверка: 1-1 & 2+ 

Прв дуел и за Порто сезонава, па се освен победа на полувреме и крај со барем два гола против фенерџијата ќе биде рамно на пораз. За супер коефииент, ќе додадеме и 2 гола да има минимум на овој натпревар.

Андерлехт vs Ла Лувие: 2+ второ полувреме

Не би играле чист 1 на Андерлехт поради коефициентот, но и поради тоа што играа квалификации оваа недела и веруваме дека тешките нозе нема да проработат уште од прво. За поголем коефициент, ќе пробаме да има барем 2 гола во второто полувреме.

Сент Паули vs Гројтерфурт: 1-2 1П и 1-3 2П 

Германците ни се „локум“ за игри на голови, па на овој тикет ќе ја пробам оваа која ја видов неодамна во Златна Копачка, а која верувам дека ќе ја кружиме и поради фактот што прв пат ја играм, а и поради добриот коефициент.

Кодот за брза уплата на овој тикет е: 356819