Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во германскиот град Лајпциг.
Ѓорческа во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Тетовката во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот.
Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и припаднаа на Ковацкова и потоа го предаде мечот.
Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап во Куршумлијска Бања.




































