По елиминациите на Силекс и Вардар, екипата на Шкендија остана единствениот македонски претставник на европската сцената.
Тетовци вечерва ќе го играат реваншот против словенечката екипа на Браво, во втората квалификациска рунда за Конференциската лига.
Шкендија ќе треба да надополни еден гол негатива од првиот меч во Љубљана, каде иако прва поведе, сепак на крајот загуби со 1-2.
Иако во Словенија, имаа повеќе шанси за гол повеќе, неефикасноста се покажа како голем проблем. Тоа меѓу останатото го потврди и тренерот Положани на официјалната прес конференција. Воедно ќе мора да се сведат на минимум и грешките во одбраната, бидејќи тимот на Браво покажа дека знае да ги казни.
Сепак, самодовербата останува високо ниво, а со надеж дека ќе имаат голема поддршка од трибините, од тетовскиот табор решија влезот за натпреварот да биде слободен.
Вечерашниот натпревар меѓу Шкендија и Браво што ќе се играат на арената „Тодор Проевски“, ќе почне од 20 часот.































