Фудбалерите на тетовска Шкендија со негативен резултат се враќаа од гостувањето во Љубљана.

Шкендија загуби од екипата на Барво со 1-2, во првиот натпревар од втората квалификациска рунда за Конференциската лига. Иако макеоднскиот вице-првак прв го отвори резултатот и имаше предност, сепак, словенечкиот направи комплетен пресврт.

Тетовци одлично го почнаа натпреварот и веќе во 11.минута поведоа со 0-1. По прекршокот над капитенот Зејнулаи во шеснаесетникот на домаќините, беше досуден пенал за Шкендија. Сигурен реализатор беше Крсничи.

Сепак, радоста на македонскиот вицепрвак не траеше долго. Веќе во 18.минута Рок Копатин успеа да го израмни резултатот. Тој ја искористи заспаноста на тетовската одбрана и лошата интервенција на голманот Амзаи.

И во продолжението на првиот дел двете екипи играат отворено и напаѓачки, сепак, резултатот остана не променет.

Во вториот дел македонскиот тим имаше две зрели шанси за гол. Прво со удар од далечина се обиде Красничи, но домашниот голман одлично интервенираше. Само две минути подоцна Нзунге беше во идеална можност да го совлада противничкиот голман, но не успеа во тоа.

Затоа пак на спротивната страна казни Станковиќ кој ја искористи нерешителноста на одбраната на Шкендија и во 56.минута донесе водство на Браво со 2-1.

Најголемата можност за израмнување ја имаше Тамба во 79.минута кога ја погоди стативата од голот на словенечката екипа. Во 85.минута се обиде и Спахиу со шут од далечина, но домашниот голман Розман уште еднаш одлично интервенираше.

Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра следниот четврток (30 јули – 20 часот), на арената „Тодор Проевски“.