Македонскиот ракометен првак Вардар по три години пауза се враќа во елитната Лига на шампиони.

Вардарци ќе играат во Б групата во која за противници ги имаат Мелсунген, Нант и Висла Плоцк.

Групната фаза Вардар ќе ја почне и заврши со дуелите против Мелсиунген. Првиот натпревар „црвено-црните“ ќе го играат на гостински терен во Германија на 10 септември. Инаку Вардар лани во Европската лига оствари две победи над германската екипа.

Својот прв меч пред домашната публика, ракометарите на Вардар ќе го играат на 16 септември, кога ќе го пречекаат Нант. Токму против францускиот тим, но на гости на 28 октомври, ќе ја заокружат првата фаза по групи во Лигата на шампиони.

Целта е јасна, пласман на првите две позиции на табелата што водат во втората фаза на Лигата на шампионите. Евентуален неуспех, односно ако Вардар биде трет или четврти, ќе продолжи во втората квалитативна конкуренција, односно Европската лига.

Распоред на натпревари на Вардар

1 коло, 10 септември | Meлсунген – ВАРДАР 20:45 часот
2 коло, 16 септември  | ВАРДАР – Нант 20:45 часот
3 коло, 8 октомври | ВАРДАР – Висла Плоцк 20:45 часот
4 коло, 15 октомври | Висла Плоцк – ВАРДАР 18:45 часот
5 коло, 21 октомври | ВАРДАР – Мелсунген 20:45 часот
6 коло, 28 октомври | Нант – ВАРДАР 18:45 часот