Кошаркарската репрезентација на македонија за играчи до 18 години денеска го почнува настапот во „Б“ дивизијата на Европското првенство.

На јуниорскиот шампионат чии домаќини се Ријака и Опатија, македонските јуниори ќе стартуваат со натпревари во Д групата.

Прв предизвик за избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ е селекцијата на Грузија. Во нашата група се и репрезентациите на: БиХ, Унгарија и Шведска, со кои ќе играме редоследно. Првата цел е јасна, пласман меѓу двете првопласирани селекции, а со тоа и учество во четвртфиналето.

Но, како што најави и самиот селектор ќе се оди чекор по чекор.

„Одиме меч по меч и на секој натпревар ќе играме на победа.

Тоа е наша обврска кога го носиме дресот со државниот грб.

Ќе се бориме секоја секунда за Македонија, затоа што амбициите секогаш мора да бидат највисоки кога се игра за националниот тим“, изјави Тодоровиќ

Денешниот дуел со е единствениот што напите кошаркари ќе играат во вечерниот термин од 20.30 часот. Натпреварот Македонија – Грузија може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇