Селекторот на ракометната репрезентација на Макеоднија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за стартот на квалификациите за Европското првенство.
Очекувано на списокот е и името на новиот македонски репрезентативен Украинецот, Дмитро Хориха. Некогашниот ракометар на Вардар заедно со голманот Мартин Томовски се единствените кои настапуваат во странство.
Конкуренцијата во националниот тим е засилена со настапите на стандардните првотимци од домашната Супер лига. Приклучувањето на Хориха дефинитивно нуди нови тактички опции во играта во двата правци. Конечниот филтер за крајните 16 патници ќе биде направен непосредно пред официјалниот собир на репрезентацијата.

Македонската ракометна репрезентација битката за пласман на континенталниот собир во 2028 година ја започнува на почетокот од ноември.
Собирот e закажан во Скопје е на 1 ноември.
Избраниците на Лазаров прво го пречекуваат аутсајдерот Луксембург пред домашната публика на 4 ноември. Четири дена подоцна (8 ноември) следува исклучително важно гостување во Халкида каде нè чека мотивираната селекција на Грција.


































