Актуелниот светски вицешампион Франција славеше победа над Норвешка во дуелот за 1.место во група И, на Светското првенство.

Екипата на Дидие Дешамп покажа многу повеќе од Норвешка, која се помири со поразот пред натпреварот, со оглед на составот со кој играше. Триколорите на крајот славеа и убедливо со 4-1. Уште од првата минута беше јасно во кој правец ќе се одвива натпреварот. Потребни беа само 46 секунди за првата шанса за гол на триколорите, но Мбапе ја погоди гредата.

Првото полувреме, мина во знак на најдобриот играч во светот во моментов. Усман Дембеле постигна три гола, додека Асгард беше стрелец за Норвежаните, па Франција на полувреме имаше предност од 3-1. На самиот старт на вториот дел Норвежаните добија пенал кој не го реализира Ларсен, односно францускиот голман Мињон успеа да одбрани. Конечниот резултат беше поставен во судиското дополнение (90+4) , а стрелец за 4-1 беше Дуе.

Во вториот натпревар од групата, Сенегал славеше убедлива победа против Ирак со 5-0. Со оваа победа и првите бодови (три) Сенегалците се надеваат на место меѓу осумте најдобро трето рангирани селекции кои би продолжиле во нокаут фазата.

📅 👑 И група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови