Репрезентација на Португалија ја впиша првата победа и тоа многу важна на Мундијалот.
Во натпревар од 2.коло на К групата, Португалците го совладаа дебитантот Узбекистан со 5-0 .
Дека фаворитската улога ќе ја оправдаат на овој меч, најавија уште во шестата минута. По населувањето на Кансело, на вистинското место беше Кристијано Роналдо кој со својот прв гол на Мундијалот донесе предност на Португалија.
Веќе во 17.минута беше 2-0 и тоа со прекрасниот гол на Нуно Мендеш од слободен удар. Тука ,,морепловците” не застанаа. Во 39.минута по една одлична контра, Роналдо пак се запиша во листата на стрелци за 3-0 за Португалија.
Во второто полувреме уште два пати се тресеше мрежата на Узбекистанците. Во 60.минута при една гожва во шеснаесетникот на Узбекистан, Нематов си постигна автогол. Конечните 5-0 ги постави Рафаел Леао со погодокот во 87-мата минута.
Со оваа победа, и вкупно 4 бодови Португалија изби на 1.место на табелата со бод повеќе од Колумбија со која ќе игра во последното коло. Колумбијците пак вечерва ќе играат против ДР Конго.

| 📅 | ⏰ | 👑 К група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|































