Швајцарија оствари убедлива победа од 4-1 против Босна и Херцеговина во 2.коло од групата Б на Светското првенство.
Првото полувреме понуди цврста игра од двете страни и заврши без постигнати голови на двете страни.
Швајцарците конечно го скршија силниот отпор на противникот со голот на Манзамби во 74. минута од натпреварот. Ситуацијата
за Босна стана уште потешка во 80. минута кога Мухаремовиќ заработи директен црвен картон. Швајцарија веднаш ја искористи бројчаната предност преку Варгас кој зголеми на 2-0 во 84. минута. Разиграниот Манзамби постигна уште еден погодок зголемувајќи ја предноста на убедливи 3-0 во 90. минута.
Босна и Херцеговина постигна почесен гол преку Махмиќ во втората минута од судиското продолжение, односно 92. минута.
Конечниот резултат од 4-1 го постави капитенот Џака од пенал во седмата минута од продолжението, односно 97. минута.
Со овој важен триумф Швајцарија освои три бода и направи голем чекор кон пласман во следната фаза.Босанците доживеаја тежок дебакл во самиот финиш и сега имаат минимални шанси за премин во нокаут фазата.



































