Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски го направи изборот нна играчите со кои чќе настапи на последниот турнир во Европската лига.

Миленкоски за Приштина поведе 13-мина репрезентативци на кои ќе смета за дуелите со домаќинот Косово и селекцијата на Израел.

Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите, Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев. Од претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов.

Македонските одбојкари од денеска се стационирани во косовскиот главен град, каде утре и в сабота ќе ги играат последните два натпревари.

Во првиот, утрешниот, Македонија за противник ќе го има домаќинот Косово. Дуелот ќе се игра од 20 часот, а во истиот термин ден подоцна (сабота) противник е Израел.

Следете нé на социјалните мрежи