Мундијалската фудбалска „треска“ што започна вчеравечер со победата на ко-дпмачинот Мексико над Јужна Африка, продолжува вечерва со нови натпревари.

Својот прв настап и тоа пред домашната публика ќе го имаат фудбалерите на Канада кои во Торонто ќе играат против селекцијата на Босна и Херцеговина. Тоа е натпревар од Б групата во која овие селекции заедно со Швајцарија се претенденти за двете места кои водат во нокаут фазата.

Ова е само трет настап на Канада на Светското првенство, а втор по ред. Сепак, нејзините амбиции никогаш не биле повисоки. Сепак, патот до успехот нема да биде лесен. Најголемата ѕвезда на тимот, Алфонсо Дејвис, се мачеше со повреда пред турнирот.

Од друга страна, Босна и Херцеговина доаѓа на своето второ Светско првенство, дванаесет години по дебито во Бразил. Патувањето на „Змејовите“ во Северна Америка, не беше лесно. Тимот, кој беше во длабока криза пред доаѓањето на тренерот Сергеј Барбарез, успеа да се квалификува за турнирот преку драматични натпревари од плејофот, елиминирајќи го Велс. Потоа направи и големо изненадување елиминирајќи го четирикратниот светски шампион Италија.

Дуелот меѓу Канада и Босна и Херцеговина ќе се игра во Торонто, а ќе почне од 21 часот. Во оваа група се и селекциите на Катар и Швајцарија.

📅 Б група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови