Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по само еден меч го заврши настапот на турнирот во Загреб.
Ѓорческа уште во првата (1/16-финална) рунда претрпе пораз, во три сета, од руската тенисерка Екатерина Казионова.
Мечот што траеше 2 часа и 26 минути Русинката го доби со пресврт со 2:1 во сетови.
Иако по првиот сет се чинеше дека Ѓорческа (211-та ВТА) лесно ќе мине со следната рунда сепак не беше така. Тетовката го доби сетот за 32.минути убедливо со 6-1.
Сепак во следните два Русинката која е дури 409-та на ВТА листата, направи комплетен пресврт. Го доби сетовите со0 5-7 и 4-6 и се пласира во осминафиналето.
































