Актуелниопрт кошаркарски првак на Макеоднија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром синоќа го потврди својот пласман во финалето на плеј-офот. Денеска од КФМ ги објавија термините за одигрувањето на финалните натпефварите против екипата на Маџари.

Одбраната на титулата МЗТ ќе ја почне на домашен терен во „Јане Сандански“ и тоа со два натпревари. Серијата ќе се игра во три добиени, а третиот и евентуално четврти дуел ќе се играат во Маџари. Доколку дојде до мајсторка таа би се играла во Аеродром.

Натпреварите ќе се играат недела-среда-недела, а ќе почнат на 17 мај.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ФИНАЛЕ

17.МАЈ (НЕДЕЛА) | МЗТ Скопје Аеродром – Маџари
20.МАЈ (СРЕДА) | МЗТ Скопје Аеродром – Маџари
23.МАЈ (САБОТА) | Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
27.МАЈ (СРЕДА) | Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
30.МАЈ (САБОТА) | МЗТ Скопје Аеродром – Маџари
*Се игра во три добиени натпревари

Воедно екипите на ТФТ и Работнички ќе играат за третото место.

Од федерацијата денеска со образложение, зошто и кој, ќе ја има предноста на домашниот терен.