Штип вечерва слави историски успех на домашните одбојкари. Тимот на Штип УГД ја освои својата прва шампионска титула.

Во третиот натпревар од финалето, тие го совладаа Борец со максимални 3:0. Натпреварот се одигра во преполната спортска сала „Јордан Мијалков“.

Домаќините доминираа во сите три сета со сигурна и офанзивна игра. Домаќините доминираа во сите три сета со сигурна и офанзивна игра, па на велешани им препуштија само по 18 поени во првите два сета, односно 16 во третиот.

Најефикасен на теренот беше Махди Задмард со клучни поени во нападот. Стојан Илиев повторно покажа зошто е столбот на овој шампионски состав.

Со овој триумф, Штип УГД ја заокружи серијата со три чисти победи. Клубот официјално ја освои двојната круна во тековната сезона. Претходно во нивните витрини пристигна и престижниот трофеј од националниот Куп.

Навивачите приредија незаборавна атмосфера и ги поздравија новите македонски прваци. Ова е најголемиот успех во досегашното постоење на штипскиот одбојкарски бренд.

Следете нé на социјалните мрежи