Кошаркарите на Пелистер остварија неверојатно убедлива победа против лидерот ТФТ.

Требаше да биде дерби на пелистерци славеа со 36 поени разлика 105:69 во дуелот одигран сала „Боро Чурлевски“.

Битолчани покажаа целосна доминација уште во првата четвртина која ја добија со високи петнаесет поени разлика. Домашниот тим продолжи со силно темпо и до паузата постигна огромни 66 поени против немоќниот противник.
Уште тогаш беше јасно дека победата останува во битола, па вториот дел беше само чиста формалност.

Пелистер имаше дури пет кошаркари со двоцифрен ефект кои го диктираа темпото во текот на целиот натпревар.
Најефикасни кај победникот беа Дејвис и Вилсон со по 20 поени, додека Вилсон додаде и 11 скокови.
Џенкинс постигна 18 поени, а Малешевиќ запиша дабл-дабл со 11 поени и 12 скокови на овој натпревар.

Со овој триумф Пелистер комплетно ја отвори трката за првото место на табелата пред клучниот дел од сезоната.
ТФТ останува на врвот, но сега има идентичен број победи како и актуелниот шампион МЗТ Скопје.
Оваа победа е седумнаесетта за Пелистер во сезоната и претставува сериозна најава за високи амбиции во плејофот.