Екипата на Арсими оствари убедлива победа од 5:1 против Шкупи во воведниот натпревар од 29.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот од Чегране доминираше во текот на целиот меч и направи голем чекор кон опстанок во македонската фудбалска елита. Шкупи продолжи со очајните партии сезонава и остана закован на последното место на табелата со само еден освоен бод.

Домаќините ја искористија секоја грешка во одбраната на гостите и ефикасно ги реализираа своите шанси за висок триумф.

Стрелци на головите за екипата на Арсими беа: Рамадани (16), Реџепи (39), Селмани (69) и два постигна Османи (74 и 78 минута. Единствениот погодок за екипата на Шкупи го постигна Нухија (49)

Арсими сега има 38 бодови и се наоѓа во мирната зона (6.место) на табелата пред финишот на првенството.

ПРВА ЛИГА – 28 КОЛО

сабота – 25 април
16.00 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
недела – 26 април
16.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
16.00 АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
понеделник – 27 април
14.00 СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
16.00 ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ
петок – 24 април
АРСИМИ – ШКУПИ 5-1

Standings provided by Sofascore