Само три натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата, последни пред паузата за паузата за Ол-стар викендот.

По два последователни порази, Лос Анџелес Лејкерс забележаа победа, победувајќи ги Далас Маверикс со 124:104.

Леброн Џејмс го забележа својот прв трипл-дабл во сезоната и 123-ти во кариерата. Тој го заврши натпреварот со 28 поени, десет скока и 12 асистенции. Руи Хачимура додаде 21 поен за Лејкерси, кој му го нанесе деветти последователен пораз за Далас.

Милвоки Бакс победија на гости кај шампионот Оклахома Сити Тандер со резултат од 93:110 и стигнаа до петта победа во последните шест натпревари. Ова беше трет пораз во последните пет натпревари за бранителите на титулата.

И двата тима беа без своите стартни ѕвезди, Јанис Антетокунмпо и Шаи Гилџус-Александар. Бакс беа предводени од Усман Диенг со 19 поени, 11 скока, шест асистенции и четири блокади.

Прв стрелец кај Оклахома беше Исаија Џо со 17 поени, а Чет Холмгрен заврши со дабл-дабл со 16 поени и 13 скока.

27-мата победа сезонава ја остварија Портланд Треилблејзерс, кои победија на гости кај Јута Џез со 119:135.

Џру Холидеј ги предводеше Блејзерси со 31 поен, девет скока и седум асистенции, додека Донован Клинган одигра многу добар натпревар со 23 поени, 18 скока и седум асистенции, без ниту една изгубена топка. Најдобар играч за поразениот тим беше Брајс Сенсабо со 28 поени. Јута сега има скор од 18-38.