Женската репрезентација на Македонија попладнево играше против актуелниот светски вицепрвак Германија во натпревар од 5. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Противникот сепак е далеку поквалитетен, а тоа го потврди во текот на целиот натпревар кој а крајот го доби со осум голови разлика 27:35.
Германките подобро го отворија натпреварот, поведувајќи со 2-0, а веќе во 6-тата минута имаа предност од 4:1. Нашите ракометарки брзо возвратија и со серија од 3-0 успеаја да израмнат на 4:4. Сепак, Германија повторно ја презеде контролата и со нова серија од 3-0 во 11-тата минута поведе со 7:4. До средината на првото полувреме гостинките дополнително ја зголемија предноста, па во 16-тата минута стигнаа до +5 (12:7). Македонија се обидуваше резултатски да се врати, но Германките сигурно ја одржуваа предноста. На полувреме резултатот беше 19:14 во корист на Германија.
Во второто полувреме немаше значајни промени на теренот, Македонија во најголем дел од времето ја бркаше негативата. Во 39-тата минута Германија ја зголеми предноста на +7 (24:17), со што дополнително ја потврди контролата врз натпреварот. Германките не дозволија никакво изненадување до крајот, играјќи сигурно и дисциплинирано, па постепено ја зголемуваа разликата и рутински го приведоа натпреварот кон своја победа (35:27).
Најефикасни од нашата репрезентација беа Кипријановска со шест погодоци, а Стефаноска и Јанкулоска Ангела со по четири гола.
Последниот натпревар овие квалификации, макеоднскитре ракометарки ќе го играат во недела во Велење против Словенија.
Ивона Кимовска




































