Минатогодишните финалисти, Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје, обезбедија пласман во полуфиналето од женската Прва лига по возбудливите реванш натпревари.

Бранителот на титулата, Јанта Волеј КВ, помина понатаму благодарение на подобар сет-количник против екипата на Газели Волеј. Иако шампионките загубија на домашен терен со 2:3, победата од 3:1 во првиот меч беше пресудна за нивен пласман. Драматичниот реванш понуди голема борба во пет сета, но конечните 5:4 во сетови ги однесоа домаќинките меѓу четирите најдобри.

Работнички Скопје ја потврди својата доминација против Пелистер Волеј со уште една победа од 3:1 во четвртфиналната серија. Битолчани пружија силен отпор во првиот сет, но скопската екипа со сигурна игра направи целосен пресврт за конечен триумф.

Познати се и двојките за следната фаза каде Јанта Волеј КВ ќе се соочи со лидерот на табелата, Наковски Волеј. Во второто полуфинале, екипата на Младост УГД ќе ги пречека одбојкарките на Работнички во Штип.

Полуфиналната серија започнува на 17 април и ќе се игра до две победи на теренот на подобро пласираните екипи. Љ

Следете нé на социјалните мрежи