Ана Цветковска го заврши настапот на Зимските Олимписки игри впо Милано и Кортина.
Цветковска настапи во дисциплината крос-кантри спринт на 10 километри.
Во силна конкуренција, на кои беа пријавени 111 натпреварувачки, Цветковска заврши на 105.место. Таа оствари време од 31 минута 32.4 секунди, што беше за 8 минути и 39.9 секунди побавно од новсата олимшписка шампионка Швеѓанката, Фрида Карлсон.
Послаб резултат од македонската олимпијка имаа само уште три натпреварувачки, а други три не ја завршија трката.
За Цветковска ова беше второ учество на ЗОИ, по Пекинг 2022 година.




































