Њујорк Никс ја продолжија победничката серија која сега е шест триумфи по ред. Никси го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112-100 пред својата публика во „Медисон Сквер Гарден“.
ОГ Ануноби беше најпрецизен со 25 поени, Ландри Шамет додаде 23, а Џош Харт имаше 20. Џејлен Брансон заврпи со дабл-дабл ефект со 12 поени и 13 асистенции.
И Лука Дончиќ оствари двоен ефект, но тоа не беше доволно Лејкерс да се радуваат. Словенецот натпреварот го заврши со 30 поени, 15 скока, на кои додаде и осум асистенции.
Леброн Џејмс, кој неодамна беше избран за Ол-стар по 22-ри пат по ред, заврши со 22 поени, шест асистенции и пет скока..
Шамшипонот Оклахома Сити Тандер го совладаа Денвер Нагетс на гостински терен со 121-111.
Ова беше нивна прва средба откако Тандер го победија Денвер во седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција минатиот мај, на патот до освојување на првата НБА титула во градот.
Шаи Гилџус-Александар постигна 34 поени и 13 асистенции, а Кејсон Волас блесна со 27 поени и седум тројки – најдобар учинок во неговата кариера. Пејтон Вотсон беше најдобар кај Нагетс со 29 поени. Двајцата Ол-стар играчи на Нагетсите имаа прилично мирна ноќ. Никола Јокиќ постигна 16 поени, а Џамал Мареј заврши со по 12 поени и асистенции.
Детроит – Бруклин 130:77
Мајами – Чикаго 134:91
Торонто – Јута 107:100
Вашингтон – Сакраменто 116:112
Њујорк – Лос Анџелес Лејкерс 112:100
Феникс – Лос Анџелес Клиперс 93:117
Портланд – Кливленд 111:130
Сан Антонио – Орландо 112:103
Денвер – Оклахома Сити 111:121




































