Најголемата видео архива ,,Youtube” каналот Македонски фудбал е вистинско богатство.

Љубителите на овој спорт, може да се потсетат, а помладите да разгледаат и научат за историјата на македонскиот фудбал.

Гоце Михајлоски е креаторот на оваа ,,ризница” на видео материјали. Долгогодишната и макотрпна работа го прави еден од најкреативните кога во прашање е македонскиот фудбал.

Гоце сепак е ,,не задоволен” бидејќи за да ја комплетира целта архива, недостасуваат само два натпревари.

Затоа, Спорт Плус кој веќе подолго време соработува со Гоце, и тој самиот апелираме.

Било кој љубител на фудбалот доколку поседува видео материјали од следните натпревари да нѐ контактира.

Во потрага сме по видео материјал од следниве натпревари.

Македонија – Естонија 2:0 (1994) и Силекс – Пелистер финале на Куп (1994)

Фудбалската архива е скоро комплетна. Да ја дополниме со овие натпревари и да ги зачуваме од не заборав.

Следува соодветен награда.

Контакт fudbalmak@gmail.com

Кликнете на фотографијата и видете за какво богатство се работи