Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на промоцијата на новиот селектор на репрезентацијата Гоце Седлоски истакна дека договорот ќе биде транспарентен.

,,Седлоски во репрезентацијата ќе работи до јуни про-боно. Во овој период освен бараж дуелите немаме други активности. По јуни ќе седнеме повторно сите заедно и ќе се договориме.

Во принцип тоа ќе биде договор на 2 години, со можност за продолжување на уште две”, потенцијал Омерагиќ.

Запрашан дали Седлоски ќе остане и на клупата на Вардар истовремено, Омерагиќ потврди.

,,Не сакајќи да наштети е на ниту еден клуб, како што тоа беше случај со Станиќ и Работнички, а имајќи во предвид дека до крајот на првенствена сезона нема да има други репрезентативни активности освен баражот, да Гоце останува да го води Вардар”, нагласи Омерагиќ.