Фудбалерите на Струга Трим Лум ја забележа 12-тата победа во Првата лига. Стружани во натпреварот од 15.коло на ПМФЛ пред својата публика, лесно и убедливо го совладаа Башкими со 6-0 .

Први се заканија домаќините во 11.минута и во 17-тата, кога Фал и Радевски со глава биеја крај гостинскиот гол. Во 22.минута домашните фудбалери ја затресоа гостинската мрежа, но голот беше поништен поради офсајд. Затоа пак во 25-тата минута голот на Шабани беше регуларен, па стружани поведоа со 1-0. Веќе во 38.минута Малевски по асистенцијата на Фал зголеми на 2-0. Само 90-тина домаќините подоцна домаќините имаа и тројна шанса, но резултатот остана не променет. Но, не за долго бидејќи во 40-тата минута Јевтовски погоди за 3-0.

Во второто полувреме, по само две минути игра Хамза со ефектно изведен слободен удар зголеми на 4-0. Уште поубав беше вториот гол на Малевски кој во 66.минута за 5-0 за Струга. Конечниот резултат 6-0 го постави Воша во 86.минута по соло акцијата.

Стружани сега имаат 39 бодови, еден помалку од Вардар кој го игра натпреварот со последно пласираниот Шкупи и има водство по првиот дел со 2-0. Тој натпревар почна подоцна и во тек е вториот дел.