Со двата натпревари што ќе се играат попладнево во Скопје и Кавадарци, ќе стартува последното, 16-то, есенско коло во Првата лига. Натпреварите во Ѓорче Петров и Кавадарци ќе го дадат и одговорот на прашањето, кој тим ќе презими на првата позиција на табелата.
Екипата на Вардар е во поповолна ситуација во однос на конкурентот Струга Трим Лум.
Иако двата тима ќе играат на гостински терен вардарци би требало да имаат полесна задача. Црвено-црните кои имаат и бод повеќе од стружани гостуваат во Ѓорче Петров кај Македонија. „Лавовите“ се во резултатска криза и не знаат за победа повеќе од два месеци. Се освен триумф на Вардар би било големо изненадување на овој натпревар.
Стружани ги чека гостување во Кавадарци кај Тиквеш. Домашниот тим полека фаќа ритам па на последните четири првенствени натпревари има три победи и пораз од Вардар.
Двата натпревари ќе почнат од 13 часот, термин во кој и во наредните три дена ќе се играат и другите дуели.
ПРВА ЛИГА – 16 КОЛО
Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 13 часот
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л.
Сабота
БАШКИМИ – ШКЕНДИЈА
недела
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ШКУПИ – АП БРЕРА
Понеделник
АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР




































