Со двата натпревари одиграни попладнево во Скопје и Кавадарци, почна претпоследното, 16.коло, од есенскиот дел во ПМФЛ. Екипата на Вардар ќе го чека вториот дел од сезоната од првата позиција.

Вардарци ја оправдаа улогата на фаворит и на гостувањето во Ѓорче Петров кај Македонија, славеа со 1-2.

Уште од самиот старт Вардар тргна офанзивно кон гол на домаќините. Создадоа десетина шанси вардарци, но никако не успеаја да го совладаа расположениот домашен голман Јанов.

Во 54.минута „Лавовите“ ја искористија својата шанса, па по асистенцијата на Али Адем, Колумбиецот, Еступијан и донесе предност на Македонија со 1-0. Водството на домашниот тим не траеше долго бидејќи по 62.минута стигна израмнувањето. По одличната акција на Спахиу, полесниот дел од задачата остана за Омерагиќ кој израмни на 1-1. Само четири минути подоцна капитенот, Омерагиќ со својот втор гол му доенсе водство на Вардар од 1-2.

Во вториот натпревар одигран во Кавадарци, Струга Т.Л. славеше над Тиквеш со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Хамза во 36.минута за три бода на стружани.

Така Вардар останува на првата позиција, сега со 42 бодови, само еден повеќе од Струга ТЛ.

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во наредните три дена, а сите ќе почнуваат во 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 16 КОЛО

Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 1-2
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л. 0-1
Сабота
БАШКИМИ – ШКЕНДИЈА 13 часот
недела
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ШКУПИ – АП БРЕРА
Понеделник
АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР