Промоцијата на Гоце Седлоски во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, предизвика низа на реакции. 

Вчера, прв почна екс-селекторот Игор Ангеловски, федерацијата, Претседателот, Масар Омерагиќ и колегите во комисијата. Полуларниот „Мрме“ веднаш доби одговори екс-капитенопт, а сега директор на националните селекции Горан Пандев. 

„Сапуницата“ продолжува денеска, па првиот човек на ФФМ, Омерагиќ има со свој одговор за реакцијата на Ангеловски. 

„Имавме убава презентација на новиот селектор со убава порака за обединување. Човечки, културно и спортски е да се даде поддршка за избраниот. Кога бирате има 10 опции, а бирате една.

Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата.

Би сакал да каже кои се личните интереси кои ги имаме. Јас немам такви, работам про-боно. Крајно некоректно беше веднаш да реагира, можеше да почека. Тоа кажува само за себе.

Му посакувам добро здравје, да поработи на тренерските способности, бидејќи неговите последни ангажмани траеја пократко од рокот на јогуртот во супермаркет.

Јас му се јавив лично двапати, да му укажам дека е еден од кандидатите. Од таа причина му кажав дека размислуваме меѓу него и Седлоски.

Се одлучивме за новата енергија. Буквално ќе кажам, по таков напад мора да се каже и другата страна. Ни одговори дека би работел пак во федерацијата и кажа дека ќе ја поддржи нашата одлука и тоа јавно. Тоа е неговото мислење, не е во прв план“, вели Омерагиќ.

Дали препукувањата во мак-фудбалот ќе завршат со календарската година и во новата ќе влеземе со позитивна енергија, времето ќе покаже.