Девет натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата.

Најнеизвесниот од нив беше дуелот во Солт Лејк Сити каде домашната Јута славеше над Детроит со 131-129. Кејонте Џорџ постигна 31 поени, вклучувајќи го и победничкиот на 2,1 секунди до крајот, со што Џезерите ја прекина серијата од четири порази. Гостите имаа можност и тие за победа, но Кејд Канингем, кој имаше 29 поени и 17 асистенции, го промаши шутот со звукот на сирената.

Тимот на ЛА Клиперси славеше против Портланд на гости со 119-113.

Иако домашниот тим во второто полувреме имаше предност од 132 поени, сепак Клиперси со серија 19-1 го свртеа натпреварот во своја полза.

Џејмс Харден постигна 34 поени, Брук Лопез постигна 31 поен, вклучувајќи девет тројки, што е најдобар резултат во кариерата. Кавај Ленард одигра 28 поени, осум скока и шест асистенции, вклучувајќи 18 поени во четвртата четвртина.

Дени Авдија беше најдобриот поединец во поразената екипа на Портланд со 27 поени, осум скока и осум асистенции.

Резултати:
Атланта – Мајами 111:126
Индијана – Бостон 122:140
Орландо – Шарлот 105:120
Вашингтон – Торонто 138:117
Чикаго – Филаделфија 109:102
Мемфис – Милвоки 125:104
Њу Орлеанс – Феникс 108:115
Јута – Детроит 131:129
Портланд – Лос Анџелес Клиперс 103:119