Фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за бараж дуелите за Светското првенство 2026-та, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Денешната ждрепка во Цирих, Македонија ја води на мегдан кај Данска во полуфиналната рунда. Натпреварот ќе се игра во Данска која во ждрепката беше извлечена од „привилегираниот“ прв „шешир“.

Доколку македонските фудбалери успеат да ги минат Данците, како што тоа го направија во 2022 година кога ја елиминираа Италија, тогаш ќе играат уште еден натпревар.

Финалниот ќе биде со подобрата селекција од дуелот Чешка и Република Ирска. Tој натпревар ќе се игра на 31 март, и тоа на повторно на гостински терен.