Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар денеска ќе го игра третиот натпревар во Европската лига.

Во дуел од 3.коло на Ф групата, вардарци гостуваат во Шведска кај тимот на Кристијанштад.

Со дури 14 победи на исто толку одиграни натпревари во низа, вардарци влегуваат во овој натпревар. „Црвено-црните“ кои веќе остварија две победи во Европската лига (Сесвете  и Тулуз), па денеска со триумф над Кристијанштад ќе си обезбедат пласманот во следната фаза.

Дополнителен мотив ќе биде и традицијата во меѓусебните натпревари со денешниот ривал. Таа е на страна на Вардар кој победи на осумте досегашни соочувања. Можеби мал проблем ќе биде отсуството на Борозан, но тренерот Чупиќ има доволно ракометари на располагање.

Натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар почна во терминот од 18.45 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи