Репрезентацијата на Македонија до 21 година, попладнево во Битола ќе биде домаќин на врсниците од Ерменија, во квалификациите зa ЕП 2027 година.
Ова ќе биде трет натпревар на македонската селекција во рамките на групата Е. По стартните два порази, против Полска и Италија, избраниците на селекторот Горан Станиќ се надеваат на поволен резултат и почеток на победничка серија.
Репрезентативците на Ерменија, завчера одржаа официјален тренинг на стадионот на нашиот второлигаш Големо Коњари, каде беа топло пречекани од жителите на селото.
Македонија и Ерманија до 21 година имаат играно повеќе пати до сега, а еден од поинтересните мечеви го одиграа 1995 година во Штип, во квалификациите за ЕП 1996 година (Видео од натпреварот)
, Денешниот натпревар меѓу Македонија и Ерменија ќе почне од 17 часот.
Гоце Михајлоски




































