Македонската фудбалска репрезентација се е предв можеби историски меч. Вечерва во Гент, против Белгија ги чека нашите фудбалери првиот дел од главниот тест за билет за Мундијалот 2026..
Висар Муслиу е подготвен за предизвикот наречен Белгија и во пресрет на натпреварот изјави:
“Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно.
Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија.
Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.
Потсетување, дека првиот дуел во Скопје, заврши без победник 1-1.
Натпреварот е на програмата вечерва со почеток од 20:45 часот. Дуелот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ ТВ пренос на МРТ.






































