Младата женската репрезентација фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ја забележа втората победа на УЕФА развојниот турнир во Албанија.

Младите македонски фудбалерки во вториот натпревар славеа минимално со 1:0 против соодветната селекција на Грузија.

Елена Наумовска беше херојот на Македонија, со нејзиниот погодок во 85.минута, успеавме да славиме тешка победа над Грузија. Двете селекции одиграа доста борбен натпревар во кој беа пропуштени неколку изгледни прилики за гол.

Потсетување дека вчера во првиот меч беше совладана Бугарија, по подоброто изведување на пенали.

Во последното коло, кое е на програмата на 18 април ќе играме со домаќинот Албанија. Овој натпревар ќе започне во 15 часот.