Денес почнуваат реваншите од Лигата на шампионите кои ќе ги дадат патниците во полуфиналето, а ние составивме предлог тикет во кој целиме на прва овогодишна добивка.
Се надеваме дека ќе бидеме добитни, еве и зошто ги играме овие парови и игри, а од него освен целиот тикет можеш да преземеш и само она што ти се допаѓа, па другото да го изиграш по твоја желба.
Дортмунд – Барселона: ГГ
Веруваме дека Барса ќе постигне повторно барем еден гол, а исто така и дека домаќините нема да се обрукаат пред домашните навивачи и дека и тие ќе постигнат барем еден гол. Затоа гол-гол, со коефициент од 1.40.
Астон Вила – ПСЖ: Т1 1+ второ полувреме
Вила ќе мора да притисне со сите сили, а ако не го скрши ледот во првото полувреме, одиме на „сигурно“ дека голот ќе го дадат барем во второ. Коефициентот е одлични 1.65, па зошто да не пробаме?
Реал Мадрид – Арсенал: 1
Ако сакаат да пробаат некако да се вратат во игра, кралевите ќе мора да го совладаат Арсенал. Sвездите на Реал Мадрид одморија на натпреварот против Алавес, односно не играа целосни 90 минути, па очекуваме со голем апетит да започнат на реваншот. Затоа го играме овој дуел дека тимот на Анчелоти ќе победи на крајот, но ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за пласман понатаму.
Интер – Баерн Минхен: ГГ
Сите очекуваат дека работата за нероаѕурите е завршена, но минхенски Баерн има што да каже и на реваншот. Очекуваме да постигнат барем еден гол бидејќи ќе бркаат негатива, но домаќините важат за добри контра-играчи така да очекуваме и тие да постигнат барем 1 гол.
Силкебог – Алборг: 3+
Данците важат за гол играчи, односно играат на гол повеќе секогаш во домашното првенство. Од таму и овој тип за предлог тикетот на колото, а коефициентот е одличен и мами, 1.85.
Фиорентина – Цеље
Домаќините имаат предност од 2:1, но очекуваме уште една победа за заверка на пласманот во полуфиналето, против словенски Цеље. Фиорентина викендов ги одмараше главните играчи и очекуваме поради тоа да тргнат со сите сили на реваншот за ново европско полуфинале.
Франкфурт – Тотенхем: 1+ 1+
Голови, голови и само голови. Тоа очекуваме и на реваншот, а за да биде повисок коефициентот играме 1+ во прво и 1+ во второ.
Доколку ти фаќа око овој тикет и мислиш дека ќе биде добитен исто како и ние што мислиме, тогаш можеш да го уплатиш со кажување на овој код во било која обложувалница на Златна Копачка!
W04151060523
