Машката фудбалска репрезентацијата на Македонија до 18 години деновиве во Скопје ќе „спарингува“ со врсниците од Словачка.

Избраниците на селекторот Ерхан Селими, денеска и во четврток ќе играат два контролни натпревари против соодветната селекција на Словачка.

натпреварите ќе се играат на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, крај Фудбалската федерација (ФФМ).

Првиот дуел, Македонија и Словачка попладнево со почеток во 16 часот.

Вториот тест натпревар на програмата е на 17 април (четврток) со почеток во 13 часот.