Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, па така е и денеска.

Со триумфот на Мастерсот во Монте Карло, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз направи прогрес. Тој го прескокна Германецот, Александар Зверев и се врати на второто место. Неговиот противник во финалето, Италијанецот, Лоренцо Музети, напредуваше пет места и сега е на 11-тото.

Русинот, Данил Медведев се врати во ТОП 10, напредувајќи за две позиции и сега се наоѓа на деветтото место. Неговиот сонародник Андреј Рубљев скокна за едно место на осмото, додека Австралиецот, Алекс Де Минаур скокна за три места на седмото место. Норвежанецот Каспер Руд падна три места на десеттото место.

На врвот останува суспендираниот Италијанец, Јаник Синер, а нема промени ниту за Новак Ѓоковиќ кој е петти.